Светот во Македонија

На покана на Амбасадорот на Словачка во Република Македонија, министерот Попоски утрово беше гостин на работен појадок со амбасадорите на Чешка, Полска и Унгарија, што традиционално се организира од актуелниот претседавач со Вишеградската група.

 

11

Настанот беше искористен за размена на мислења за соработката меѓу Република Македонија и четирите земји во различни области од взаемен интерес, интергацијата на Македонија во ЕУ и НАТО, регионалните состојби и проекти наменети за што поголемо регионално економско и инфраструктурно поврзување, а во овој контекст и за активностите на Македонското претседателството со ЦЕИ во 2015 година.

IMG 0724-2000

Амбасадорите од Вишеградската група ја реафирмираа принципиелната и конзистентната поддршка на нивните земји за проширувањето на Европската Унија и НАТО со мериторен пристап и исполнување на неопходните критериуми за членство во двете организации.

Работниот појадок се одржа во скопскиот ресторан Пелистер и се совпадна со манифестацијата "Денови на словачката гастрономија", која во организација  на амбасадата на Словачката Република се спроведува во овој ресторан во периодот 20-26 април.  

Конзуларни услуги