Светот во Северна Македонија

Заменик министерот за надворешни работи, Драгана Кипријановска, денес го прими извшниот директор на невладината организација Фонд Солидарност Полска, Кжиштоф Становски, поранешен државен потсекретар во полското Министерство за надворешни работи, надлежен за развојна помош и соработка.

sl. 1

На средбата се разговараше за значењето и улогата на граѓанскиот сектор во демократизацијата на земјите од Централна Европа и од нашиот Регион, со акцент на Македонија и Полска.

sl. 2

Со оглед на долгогодишното активно учество на извршниот директор Становски во невладиниот сектор на Полска и неговото богато искуство како, тренер и едукатор од овој домен, во Источна Европа и Централна Азија, беа разменети и мислења за улогата на невладиниот сектор во политичката и општествената трансформацијата на земјите од наведените региони, како и за актуелната безбедносна ситуација во тој дел од светот. http://female-happiness.com/raznoe/2021-kak-uvelichit-skorost-interneta-do-maksimuma.html

Конзуларни услуги