Национални координатори

Комитетот на Национални Координатори (КНК) е клучно тело одговорно за дефинирање, координирање, менаџирање и имплементирање на соработките на ЦЕИ, како и за имплементација на програмите и проектите на ЦЕИ преку соодветни структури. КНК се состанува често за да се дискутира и координира соработката во различно тела на ЦЕИ, како и во релација со други интернационални и регионални организации.

КНК, со асистенција на ЦЕИ Секретаријатот ги подготвува документите што подоцна се одобруваат од ЦЕИ Самитот или од Министерскиот состанок. КНК, во консултација со ЦЕИ Генералниот Секретар одлучува за структурата и вработените во ЦЕИ Секретаријатот. Националните координатори се врската помеѓу организацијата и институциите во рамки на државите-членки, како за пример на нивната улога, апликантите за ЦЕИ проектите можат да се обратат во НК Канцеларијата за прв одговор и евалуација во поглед на формалното поднесување на нивните идеи до ЦЕИ.

Конзуларни услуги