Национални координатори

Македонија започнува со своето претседателство со првата средба на Националните координатори на ЦЕИ во Скопје

На 3ти февруари 2015 година, се одржа првата работна средба на Комитетот за национални координатори (КНК) под македонското претседателство на ЦЕИ во Скопје.  Средбата ја отвори министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, кој ги истакна главните приоритети.

Прв приоритет на претседателството е евроинтеграцијата на земјите членки на ЦЕИ што не се дел од ЕУ. Втор приоритет е поврзаноста на регионот во поглед на инфраструктурата, туризмот, земјоделството, и културата. Во овој контекст тој ја нагласи важната улога на макро-регионите и поволната положба на ЦЕИ како врска меѓу нив. Ја истакна и важноста од вклучување и интегрирање на регионот како целина во дел од постојните стратегии (пр. стратегијата за Дунавскиот и за Јадранско-јонскиот регион).

Попоски исто така нагласи дека Македонија ќе посвети големо внимание на бизнис димензијата на ЦЕИ, како трет приоритет, и ја најави намерата на претседателството да организира продуктивен бизнис форум на есен, паралелно со самитот. Министерот го смета ЦЕИ за важен инструмент за регионална соработка и посочи дека неговата влада ќе даде сѐ од себе за да ја оствари мисијата на ЦЕИ.

Генералниот секретар на ЦЕИ, амбасадорот Џовани Карачиоло Ди Виетри, ги поздрави добро утврдените приоритети на претседателството и ја потврди постојаната соработка која ја дава секретаријатот на ЦЕИ.

КНК се фокусира на голем број прашања како понатамошно зајакнување на соработката со ЕУ и нејзините институции, поголема политичка димензија на Иницијативата, целосна употреба на статусот на набљудувач на ОН преку поголема соработка со нејзините специјализирани агенции итн. Голем број од дискутираните активности за соработка се одобрени и ќе бидат финансирани од фондот за соработка на ЦЕИ - во кој придонесуваат сите земји членки според договорената скала на придонеси - со околу 100,000 ЕУР. Просечниот придонес на ЦЕИ во овие мултулатерални проекти со мал размер изнесува околу 8,000 ЕУР. Србија и Република Молдавија неодамна доброволно решија да го зголемат својот придонесот кон фондот со два до речиси три пати поголем износ.

И на крајот, но не и помалку значајно, КНК одобри значителна финансиска поддршка за шест проекти на техничка соработка од фондот на ЦЕИ во ЕБРД, кој е целосно финансиран од италијанската влада. Три проекти за техничка соработка ќе добијат поддршка од околу 900,000 ЕУР во Македонија; два проекти ќе бидат наменети за Црна Гора, а еден има регионална димензија. Во овој поглед, Карачиоло Ди Виетри истакна дека планираните проекти на ЦЕИ за 2015 совршено одговараат на приоритетите на македонското претседателство, кое ја сместува поврзаноста (вклучувајќи го и транспортот) во своите врвни приоритети.

Секторот за транспорт има стратешко значење и за ЦЕИ. Всушност, развојот на инфраструктурни проекти може да има корист за целокупната економија на земјата. Преку поддржување на овие шест нови проекти, Италија ја покажува високата посветеност што ја придодава на ЦЕИ и неговата соработка со ЕБРД.
Средбата на КНК беше проследена со промотивен настан на ЦЕИ кој се одржа на 4ти февруари, во организација на македонското претседателство на ЦЕИ и Секретаријатот на ЦЕИ за да се претстават приоритетите и програмата на претседателството, како и активностите на ЦЕИ.

Следната средба на КНК се одржa во Виена на 20ти март, 2015 година.

Конзуларни услуги