Северна Македонија во светот

На 10 септември 2015 година во хотелот Маритим, Амбасадата на РМ во Берлин организираше прием по повод државниот празник 8-ми септември.

 

 

image3

На свечениот прием присуствуваа над стотина гости пратеници од Сојузното собрание на СРГ, претставници од кабинетите на Претседателот и Канцеларката на СРГ, Амбасадори и колеги од допломатскиот кор, стопанственици, претставници на македонската заедница, македонската православна и исламска заедница. На почетокот се обрати амбасадорот Сашо Марковски а потоа германската пратеничка Урсула Гроден –Краних, која доаѓа од редовите на владеачката ЦДУ партија и е член на комисијата за ЕУ.

IMG 2994

Од страна на амбасадорот Марковски беше потенцирана цврстата определба на Р. Македонија кон остварување на реформските процеси. Истакна дека и покрај досегашните шест препораки од Европската комисија недобивањето датум за отпочнување на преговорите со ЕУ не ја обесхрабрува земјата и таа останува доследна на зацртаната цел – да стане дел од европското семејство. Амбасадорот Марковски понатаму посочи дека најдобар пример за нивото на значајните билатералните односи е економската соработка и трговската размена, при што објасни дека Германија е најголем трговски партнер на Македонија.

Пратеничката Урсула Гроден – Краних се заблагодари за напорите кои ги вложува Македонија во надминувањето на тешката ситуација во која се наоѓа Европа соочена со огромниот број на бегалци. Истакна дека македонската заедница e пример за добра интегрираност - која се истакнува и преку реализација на конкретни проекти како што е изградбата на црквата Св. Никола. На крајот таа упати јасна порака до присутните дека Германија е пријател на Македонија и може и во иднина да смета на германска поддршка во остварувањето на своите стратешки цели.

11664098 10207572374050254 913065715 o

На свечениот прием присуствуваа над стотина гости пратеници од Сојузното собрание на СРГ, претставници од кабинетите на Претседателот и Канцеларката на СРГ, Амбасадори и колеги од допломатскиот кор, стопанственици, претставници на македонската заедница, македонската православна и исламска заедница.

Конзуларни услуги