Северна Македонија во светот

На 8 септември 2015 година, Амбасадата на Република Македонија во Белград организираше свечен прием по повод Денот на независноста на Република Македонија, на кој присуствуваа бројни политичари, претставници на дипломатскиот кор, истакнати јавни личности.

 

belgrad1

Амбасадорот Јовановска-Типко, во својот говор ја истакна континуираната соработка со пријателска и соседна Србија, чекорејки во исто време кон Европските вредности, со која имаме слични локални и глобални предизвици, како што е актуелната бегалска криза.

Поврзано со мигрантската криза, во духот на хуманоста и солидарноста, амбасадата донираше дел од прехранбените производи обезбедени од македонски компании за приемот на децата мигранти преку Министерството за труд, вработување, боречки и социјални прашања на Република Србија.

belgrad2

На приемот беше организирана оргинална мултимедијална touch- screen презентација на туризмот и бизнис потенцијалите на Македонија, како и дегустација на македонска храна и вино. Камерниот ансамбл Скопски дувачки квинтет го пренесе звукот на македонската музичка уметност.

Конзуларни услуги