Северна Македонија во светот

По повод 8-ми Септември - Денот на прогласувањето на самостојноста, независноста и сувереноста на Република македонија, Генералниот конзулат на Република Македонија во Детроит организираше свечено кревање на македонското знаме пред Градското собрание во Кливленд, САД. На настанот присуствуваа и пратениците во Собранието на Република Македонија, г-дин Павле Саздов и г-дин Владимир Ѓорчев и претставници на македонската заедница која живее во сојузната држава Охајо.]

detroit1

Пред присустните свое обраќање имаше и Генералниот конзул на Република Македонија во Детроит, Елена Зарковска која нагласи дека пред 24 години граѓаните на Македонија имаа историска чест да бидат носители на процесот на воспоставување на македонската независност, која беше сон на бројни генерации македонски патриоти.

detroit2

Зарковска потенцираше дека прославувајќи го 8-ми Септември - Денот на независноста, се присетуваме и на сите процеси, настани и случувања, кои со сета своја големина и значење се вградија во македонската историја. Севкупно земено, Македонија успеа да се изгради како здраво, демократско и просперитетно општество и се исправи како самостоен и независен државен субјект, целосно зрел да биде дел од меѓународното семејство на народите.

Конзуларни услуги