Северна Македонија во светот

На 8-ми септември 2015 година, во Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон, се одржа прием по повод Денот на независноста на Република Македонија.

 

vasington1

На приемот присуствуваа околу двесте претставници на Стејт Департментот (предводени од ЗПДС Хојт Ји), администрацијата и Конгресот на САД, дипломатскиот кор, невладината и академска заедница, како и македонски иселеници кои живеат и работат во околината на Вашингтон. Гостите беа послужени со традиционална македонска храна и вино.

vasington2

Во своето кусо поздравно обраќање пред присутните, амбасадорот Наумовски изрази задоволствo и благодарност за поддршката од САД, како при стекнување на независноста и признавањето под уставното име, така и во процесот на евро-атлантската интеграција на Република Македонија. Притоа, истакнувајќи дека и Република Македонија одлучно ги поддржа САД во моменти кога тоа им беше најпотребно, изрази увеарување дека ќе се интензивира натамошната взаемна соработка и развивањето на одличните билатерални односи.

 

Конзуларни услуги