Северна Македонија во светот

Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми септември во Романија се одбележа со неколку настани. Амбасадата на Република Македонија во Букурешт во коорганизација со Форумот за романско - македонско пријателство во Романија, во дворот на Амбасадата приреди „Заедничка маса“ на македонската заедница во Романија, со подготвени домашни специјалитеи и македонско вино.

bukurest1

Во рамки на одбележувањето на празникот како дел од регионалниот театарски фестивал “ НЕТА 2015“ /Новата театарска акција во Европа се одржа и театарската претстава “Kiril and Metodij, who are you” од Јордан Плевнеш и во режија на Марин Кочовски, по чие завршување амбасадорот Лазаревски имаше свое обраќање.

Воедно, по повод настанот, се објави и пригоден текст во дневниот весник кој излегува на англиски јазик “Nine O’clock” насловен „24 години независност”.

Конзуларни услуги