Северна Македонија во светот

На 14 септември Амбасадата на Република Македонија во Загреб организираше прием по повод празникот „8 септември - Денот на независноста “.

 

 

zagreb1Составен дел од прославата беше настапот на хорот и музичката група кои делуваат во рамките на Македонско културно друштво „Браќа Миладиновци“ од Осијек, како и авторските изложби на двајцата македонски уметници кои живеат во Хрватска, Крунислав Стојановски и Драгољуб Силјаноски.

Приемот го отвори Амбасадорката на Република Македонија во Загреб, Даниела Караѓозоска, која во своето обраќање се осврна на значењето на празникот 8 септември за создавање на независна македонска држава, како и на предизвиците со кои е соочена Република Македонија на нејзиниот пат кон полноправното членство во ЕУ и НАТО.

zagreb2

На прославата присуствуваа повеќе од 400 гости меѓу кои: градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, министерот за бранители на Република Хрватска (РХ), Предраг Матиќ, заменикот-министер за надворешни и европски работи на РХ, Јошко Клисовиќ, помошник-министер за надворешни и европски работи на РХ, Жељко Купрешиќ, советникот за надворешна политика на хрватскиот премиер Зоран Миланович, амб. Невен Пелицариќ ,претставници на над 50 амбасади меѓу кои најголем број амбасадори, претставници на Заедница на Македонците во Хрватска и други претставници на МНМ во Хрватска и многу други.

За време на приемот се служеше македонско вино а преку мултимедијална презентација беа прикажани туристички и културни потенцијали на Република Македонија.

Конзуларни услуги