Северна Македонија во светот

По повод Денот на независноста на Република Македонија 8-ми септември, амбасадата на Република Македонија во Њу Делхи, Индија организираше свечен прием. На приемот, почесен гостин беше Државниот министер за култура и туризам на Индија, Д-р Манеш Шарма.

 

indija1

Покрај министерот, на настанот присуствуваа и повеќе од 200 претставници на дипломатскиот кор во Њу Делхи, гости, реномирани бизнисмени, како и претставници од индиските институции и стопански комори.

На настанот беше направена проекција на промотивниот ДВД материјал „Прекрасна Македонија“ од Министерството за култура на Република Македонија. На министерот за култура и туризам на Индија му беше врачен подарок од министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа Милевска.

indija2

Воедно, амбасадорот Атанасовски официјално го покани индискиот министер да ја посети Република Македонија со цел реализирање средби со официјални претставници на нашата држава во насока на унапредување и развој на културната соработка помеѓу двете држави.

Конзуларни услуги