Северна Македонија во светот

Заменик министерот за надворешни работи, Драгана Кипријановска во период од 14 до 17 септември 2015 година во Будва учествуваше на Конференцијата „Регионална соработка на Западен Балкан”, во организација на  Институтот „Аспен“ од Германија.

 

IMG 2078

Во фокусот на Конференцијата беа регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан, безбедносната соработка, како и соработката во областа на економијата, енергетиката и инфраструктурниот развој.

На маргините на Конференцијата, покрај одделните средби со свои колеги од Регионот, заменик министерот Кипријановска оствари средба и со домаќинот, амбасадорот и главен преговарач на Црна Гора со ЕУ, Андрија Пејовиќ. На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби во Западениот Балкан, при што беа нагласени македонските заложби за активна регионална соработка со цел натамошно успешно интегрирање на државите од Регионот во ЕУ и НАТО.

Конзуларни услуги