Северна Македонија во светот

Во организација на Амбасадата на Република Македонија во Брисел, во соработка со Мисијата при ЕУ и Мисијата при НАТО, на 09.09.2015 година беше одржан прием по повод Денот на независноста на Република Македонија. Приемот се одржа во замокот „Sainte-Anne“. На приемот присуствуваа повеќе од 250 гости, меѓу кои министерот без ресор во ВРМ Висар Фида, дипломатскиот кор на Белгија, ЕУ и НАТО, политичката и бизнис заедница на Белгија, дијаспората и пријатели на трите мисии во Брисел.

belgija1

Официјално приемот беше отворен од амбасадорот Еленовски кој во своето кратко обраќање (на англиски, француски и фламански јазик) ги поздрави гостите и ги истакна одличните билатерални односи на повеќе полиња, а посебно економските односи. Потоа обраќање имаа амбасадорот Лепавцов и амбасадорот Дабиќ. 

На приемот се одржа и концерт на „Дуо Скупи“ од Скопје, кое изведе повеќе дела (традиционална македонска и албанска музика во модерна изведба). 

Belgija2

Приемот претставуваше успех во претставувањето на Македонија и беше еден од поголемите и поуспешните приеми организиран од амбасадата и мисиите во Брисел, за што говореа и комплиментите добиени од истакнатите гости.

Конзуларни услуги