Северна Македонија во светот

Постојаниот преставник на Р. Македонија при ОБСЕ, ООН и другите меѓународни организации со седиште во Виена, амбасадорот Кире Илиоски е назначен за заменик претседавач (vice-chairperson) на Комитетот на државите членки (Committee of the Whole) за време на 59-та сесија на Генералната конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија.

IMG 0152

Предлогот за негово назначување доаѓа од Источно-европската група, составена од 21 држави членки, на која и припаѓаше оваа позиција согласно ротациската шема на Агенцијата. Комитетот работи на усогласување на текстот на резолуциите пред да бидат проследени на Генералната конференција за усвојување.

Со оглед на фактот што во моментот Република Македонија членува во Бордот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија, назначувањето на амбасадорот Кире Илиоски на оваа позиција претставува уште едно признание на проактивната улога, конструктивното залагање и видливост на Постојаната Мисија на РМ во рамките на мултилатералните организации со седишта во Виена.

Конзуларни услуги