Северна Македонија во светот

На 25 септември, Канцеларијата за врски на Република Македонија во Атина одржа прием по повод дваесет години дипломатски односи со Грција.

 

Atina2

Пред присутните стотина гости, претставници на грчките власти и дипломатската заедница, Амбасадорот Дарко Ангелов имаше обраќање во кое истакна дека во наредните дваесет години македонско-грчки односи треба и ќе се фокусираат на тоа што ги поврзува двете држави и народи, а помалку на тоа што ги двои.

Го потврди долгодишното залагање на македонските власти за зголемена комуникација со Грција и за олеснување и поттикнување на соработката во сите општествени полиња. Изрази задоволство што во изминатите месеци се постави основата за еден таков позитивен пристап, видено преку усогласените мерки за градење доверба.

Atina1

Наредниот период, се надеваме, следи операционализација и имплементација на договорените мерки со кои ќе се отворат повеќе можности за пооптимално искористување на потенцијалите за соработка во економијата, безбедноста, културата и прекуграничната соработка. Со ваква зголемена комуникација и олеснета соработка, во краен случај може да се надеваме дека ќе дојде и поволен контекст за справување со клучното прашање кое до сега е ненадминлива пречка во меѓусебните односи, истакна тој.

Конзуларни услуги