Северна Македонија во светот

Дипломатската академија нa Министерството за надворешни работи на Република Македонија стана членка на Меѓународниот форум за дипломатски обуки - ИФДТ (IFDT - The International Forum on Diplomatic Training).

 

training

Последниот состанок на овој форум беше организиран од страна на Европскиот Форум за Дипломатија во Варшава во партнерство со Националната школа за јавна администрација на Република Полска. Форумот се одржа во Варшава во периодот од 22 до 25 септември 2015 година каде Република Македонија беше претставена од Директорот на Дипломатската Академија при МНР на РМ, Аделина Марку.

На овогодишниот форум се дебатираше за поновите предизвици на дипломатијата и трендовите на дипломатската едукација. Панелистите отворија теми за дискусија поврзани со дипломатијата како поддршка на развојот на демократијата, подготвувањето на дипломатите за непознатото, дипломатијата и човековите права, дипломатијата како поддршка на граѓанското општество, иновациите и предизвиците на дипломатските тренинзи, улогата на менторството, вработувањето и едуцирањето на помладите дипломати, имплементирањето на новите технологии во дипломатските обуки.

Домаќин на следниот состанок на ИФДТ ќе биде Австралија, а состанокот ќе се одржи во градот Канбера. Во иднина , Република Македонија ќе биде една од следните земји домаќини на овој форум.

ИФДТ е основан во 1972 година во Виенската Дипломатска Академија и претставува неформален форум на деканите и директорите на Дипломатските академии и институциите за меѓународни односи чија примарна дејност им е дипломатската едукација и обука. Претставниците од повеќе од 70 земји се среќаваат еднаш годишно.

 

Конзуларни услуги