Северна Македонија во светот

На 15 септември 2015 година, во просториите на хотелот „Бристол“ во Виена беше прославен Националниот ден на Република Македонија, 8-ми септември, Денот на независностa на државата.

 

 GT1A0037

Приемот беше во организација на Амбасадата на Република Македонија во Виена, а амбасадорката на РМ во Австрија д-р Василка Попоска Треневска и амбасадорот на РМ при ОБСЕ, ОН и меѓународните организации во Виена, д-р Кире Илиоски ги пречекуваа многубројните гости и одржаа поздравни говори.

Амбасадорката Попоска Треневска говореше за значењето на 8-ми септември, а меѓу другото, ги нагласи добрите билатерални односи и нескриената поддршка на Австрија на патот на Република Македонија кон реализација на нејзините реформски процеси, во насока на остварување на стратешките цели на нашата држава за полноправно членство во евро и евроатлантските структури.

 GT1A0203

Во своето обраќање, амбасадорот Илиоски се осврна на извонредното значење на 8-ми септември и упати на активната улога на Р. Македонија во рамките на ОН, ОБСЕ и другите меѓународни организации во Виена. Говореше за нашиот конкретен придонес кон мисијата на овие организации, со што Р. Македонија се истакнува како активен контрибутор кон глобалните политички процеси и динамики во меѓународните односи. Како конкретен пример го издвои нашето членство и конструктивен ангажман во Бордот на гувернери на Меѓународнота агенција за атомска енергија (IAEA) и останатите органи на релевантните меѓународни организации. Истовремено, во светло на дваесетгодишниот јубилеј, тој упати на важноста од нашето членство и соработка со ОБСЕ, како најголема светска регионална организација во сферата на безбедноста.

IMG 1168 2

На свечениот прием беа присутни над 200 гости помеѓу кои и амбасадорите на САД, Веснер и на Руска Федерација, Љубински, Генералниот секретар на ОБСЕ Л. Заниер, Извршниот секретар на Подготвителниот комитет на CTBTO, Л. Зербо, зам. Генерален директор на IAEA, претставници на актуелниот и идниот претседавач со ОБСЕ, присуствуаа и амбасадорите и постојани претставници на поголемиот број на државите акредитирани во ОН, ОБСЕ и другите меѓународни организации со седиште во Виена. Воедно, на приемот присуствуваа и поранешниот координатор на ПзС Бусек, поранешниот секретар во МНР РА и актуелен директор на Дипломатската академија, Ханс Винклер. Од МНР на РА присутни беа високи претставници задолжени за Mакедонија и ЗБ. Присуствуваа и голем број претставници од политичкиот, стопанскиот и културниот живот на Австрија, претставници на дипломатскиот кор во Виена и претставници на македонската дијаспора во Австрија и Словачка.

Конзуларни услуги