Северна Македонија во светот

Настанот „Денови на Македонска култура“ на 4 и 5 декември 2015 година се одржа во Бјалисток, во регионот Подласки, кој е еден од 16-те региони во Република Полска. Настанот го отвори Директорот на Филхармонијата и Операта во Бјалисток г-дин Дамијан Танајевски. Поздравно обраќање имаше и член на бордот на регионот Подласки г-дин Стефан Крајевски и Вршителот на работи во Амбасадата на Република Македонија во Полска, г-ѓа Горица Атанасова-Ѓоревска. 

polska1

„Културата претставува точка на поврзување и таа има моќ да премостува граници и да ги приближува народите и нациите. Искрено верувам дека несомнено постои солиден потенцијал и сė понагласен заемен интерес за културна, економската, научната и образовната соработка", истакна г-ѓа Атанасова-Ѓоревска.

polska2

 Во оваа прилика Амбасадата на Република Македонија изрази огромна благодарност до г-дин Анатал Вап, Директорот за култура во регионот Подласки кој го препозна и поддржа проектот од почеток, на групата „Саракина“ за одличниот концерт со македонска музика, на Филмскиот фонд на Македонија и приватните продукции за отстапените филмови, на поддржувачите, како и на Пеци Тодоровски кој се погрижи за автентичното претставување на македонската кујна во Бјалисток.

Конзуларни услуги