Северна Македонија во светот

Амбасадата на Република Македонија во Сараево учествуваше на 9-от дипломатски хуманитарен базар организиран од здружението на сопружници на шефовите на мисии, што се одржа во салата „Мирза Делибашиќ“ во спорскиот комплекс Скендерија на 5 декември 2015 година.

 

diplomatski bazar Saraevo

Република Македонија се претстави со своето традиционално македонско тавче гравче и своите препознатливи производи - вино, кашкавал, ајвар, чаеви, кондиторски производи, детска козметика, за кои постоеше огромен интерес и успешно се продаваа уште од самиот почеток на настанот. Благодарност до македонските компании „Тиквеш“, „Стоби“, „Бовин“, „Алкалоид“, „Випро“, „Дием-ГП“, , Mama’s ајвар, „Здравје Радово“ Колид“, кои се одговорија на благородниот повик и придонесоа за успешна промоција и презентација на Република Македонија на настанот.

Македонскиот штанд беше посетен од страна на голем број посетители и претставници на меѓународната заедница во Сараево. Со учеството на настанот Амбасадата имаше прилика да ги презентира и промовира македонските производи а воедно и да даде придонес за хуманитарни цели.

Конзуларни услуги