Северна Македонија во светот

На 6 декември 2015 година во хотелот „Радисон“ во Астана, во организација на АСА –Асоцијација на сопружниците на амбасадорите во Астана се одржа осмиот по ред божиќен хуманитарен базар.

 

astanahumanitarenbazar

Амбасадата на Република Македонија за прв пат учествуваше со свој штанд на кој беа претставени палета македонски производи, за кои присутните покажаа посебен интерес. На штандот се најдоа производите на винариите „Тиквеш“, „Далвина“, „Бовин“, „Сковин“ и „Камник“, потоа чаевите и детската козметика Beсutan на „Алкалоид“, како и производите на кондиторските производители „Витаминка“, „Макпрогрес“ (Vincinni), „Европа“, „Дониа“ и производите од програмата на Vitalia.

Покрај тоа на штандот имаше и бројни рекламни материјали за Македонија, музички дискови од најпознатите македонски музичари и домашно приготвени македонски пити. Собраните средства од продажбата беа целосно донирани во хуманитарни цели за деца без родители, за деца со посебни потреби и слични категории на лица.

Конзуларни услуги