Северна Македонија во светот

Амбасадата на Република Македонија во Загреб и оваа година учествуваше на традиционалниот Божиќниот саем во Загреб. Настанот кој имаше хуманитарен карактер се одржа на Загрепскиот велесаем на 6 декември 2015 година, во организација на Интернационалниот клуб на жени – Загреб и беше официјално отворен од страна на градоначалникот на град Загреб, Милан Бандиќ.

Saem 06.12.2015

На саемот учествуваа 47 држави, а го посетија околу 7000 посетители. Штандот на Амбасадата на Република Македонија располагаше со широка палета на производи обезбедени благодарение на донации од: „Тиквеш“, „Езимит Визба Валандово“. „Врутак“, „Витаминка“ и „Свислион“), како и од „Агенс“, „Алкалоид“, и „Мамас“.

Оваа година средствата од продадените производи беа наменети за потребите на Центарот за воспитување и образование Зајезда и Психијатриската болница Лопача.

За време на саемот беше одржана и културна програма, каде што Македонија беше застапена преку настапот на македонската пеачка група „Езерки“.

Конзуларни услуги