Северна Македонија во светот

Амбасадата на Република Македонија во Астана, Република Казакстан известува дека Универзитетот КИМЕП во Алмати, Р. Казакстан за кандидати од Република Македонија за академската 2016/2017 година доделува 10 целосни стипендии ( 5 стипендии за додипломски (редовни) студии и 5 стипендии за магистерски студии).

Стипендиите се наменети за следниве студиските програми: -финансии, маркетинг, менаџмент, новинарство, меѓународни односи, право, банкарство и ревизија, како и академски програми за магистерски студии во следните насоки:, бизнис администрација, банкарство и ревизија со АССА подготвка, финансии со АССА подготвка, маркетинг со СИМ подготовка, економија, јавна администрација, меѓународно право и др.

Студентите кои ќе добијат стипендија, ќе имаат можност за дополнителна работа во кампусот на Универзитетот КИМЕП во Алмати.
Подетални информации за начинот и условите, како и документи за аплицирање се достапни на следната интернет страна: http://www.kimep.kz/prospective/en/.

Аплицирањето се врши индивидуално по електронски пат на горенаведената интернет страна на Универзитетот КИМЕП, а амбасадата на РМ во Астана е отворена за асистенција во процесот на аплицирање на сите заинтересирани студенти.

Крајниот рок за аплицирање е 22 август 2016 година.

Превземено од веб-страницата на МОН на РМ

Конзуларни услуги