Северна Македонија во светот

Во периодот 14-18 септември 2015 година осум члена делегација од Македонија во состав Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство г-дин Зоран Поповски и претставници на Агенцијата и на Министерството за економија, беа во студиска посета во Стокхолм и Упсала. Целта на посетата е обука за фито и фитосанитарни мерки и анализа на ризици во неколку шведски институции - Националниот одбор за трговија, Агенцијата за храна и на Агенцијата за ветеринарство.

Proekt 7

На отварањето на обуката, со поздравни говори се обратија амбасадорката Наќева Ружин и Генералната директорка на Националниот одбор за трговија на Шведска, г-ѓа Ана Стелингер.

Амбасадорката го истакна задоволството од развојот на соработката со Националниот одбор за трговија, која започна со нивна фактовна мисија во Македонија и семинар во Скопје во декември минатата година, а на предметната студиска посета и претходеше и работилница во областа на стандардизацијата одржана во мај 2015 во Скопје.
Билатерланата соработка во областа на трговската политика помеѓу Македонија и Шведска е воспоставена на крајот од 2014, на иницијатива и во организација на Амбасадата во Стокхолм.

Во рамки на студиската посета, македонската Агенција за храна и ветеринарство и Агенцијата за храна на Шведска потпишаа договор за примена на KeyHole системот за здрава храна во Македонија, со што Македонија е прва земја надвор од Скандинавија којшто ќе го применува шведскиот систем за здрава храна.
Во рамки на посетата, македонската делегација оствари средба и со амбасадорката и тимот на Амбасадата во Стокхолм.

Конзуларни услуги