Северна Македонија во светот

Информативна економска работилница посветена на Република Македонија се одржа на 19 февруари 2016 година во Париз во Business France- агенцијата посветена на промоција на француската економија во земјата и странство.

 

p1

Настанот го отворија министерот за привлекување странски инвестиции Горан Мицковски, француската амбасадорка во Скопје, Лоренс Оер, и вршителот на должност во Амбасадата на Република Македонија во Париз, Габриел Атанасов.

Овој настан претставуваше исклучителна можност за промоција на економската дипломатија на двете земји. Заеднички беа презентирани македонските главни економски сектори, движењето на пазарот и начините за пристап до истиот, односно севкупната поволна бизнис клима за привлекување на странски инвестиции.

Потенцијалните француски извозници, инвеститори и бизнисмени имаа прилика да се запознаат со македонскиот пазар кој се наоѓа на помалку од три часа од Париз. Македонија беше претставена како земја со отворена економија, насочена кон ЕУ и соседите, која води внимателна буџетска политика и има финансиска стабилност.

p2

Остварени беа посебни средби на заинтересираните претставници на француските компании со нашите владини претставници за привлекување на странски инвестиции присутни во Париз.

Констатирано е дека и покрај фактот што трговската размена помеѓу двете земји е во пораст сепак постои неискористен простор и потреба за подлабока економска соработка. Потенцијалните француски инвеститори имаа прилика да ги слушнат позитивните искуства и беа повикани во Република Македонија да им се придружат на веќе етаблираните француски инвестиции како што се: Сосиете Женерал, ЕЖИС, Фресине, Суец, Систра, Лакталис, Публицис, AКОР, Аеродроми Париз и други.

p3

Настанот го следеа околу 60 учесници, претежно француски претприемачи.

Конзуларни услуги