Северна Македонија во светот

На 20 февруари 2016 година амбасадорот на Република Македонија во Казахстан Илија Псалтиров одржа серија предавања на различни теми на Назарбаев универзитетот во Астана, во рамки на Денот за развој на лидери, проект организиран од меѓународната студентската организација AIESEC.

 

psaltirov predavanje

На предавањата беа присутни околу 70 студенти, кои имаа можност да дознаат нешто повеќе за Македонија, но и да слушнат за искуството на амбасадорот во деловниот свет, кое несомнено е важно во спроведување и на економската дипломатија, како една од клучните форми на делување на современите дипломати.

Покрај ова предавање, на 26 февруари во рамки на „Меѓународна школа на млади дипломати“, која функционира под капата на Младинскиот Деловен Совет во Астана, амбасадорот Псалтиров одржа и предавање под наслов „Неоткриена Македонија“.

20160226 190700

 

Конзуларни услуги