Северна Македонија во светот

На 7 март 2016 година во Меморијалниот музеј во Каен, Нормандија, беше отворена изложба на фотографии од браќата Манаки кои датираат од периодот пред и за време на првата светска војна, на која беа изложени повеќе од 101 фотографии. Настанот свечено беше отворен со излагања на директорот на Македонскиот центар за фотографија, Роберт Јанкулоски, градоначалникот на Каен, Жоел Бруно, француската амбасадорка во Република Македонија, Лоранс Оер и вршителот на работи во Амбасадата на Република Македонија во Париз, Габриел Атанасов во присуство на директорот на националниот архив од Битола, Ацо Кимовски и директорот на Меморијалниот музеј во Каен, Стефан Грималди.

IMG 1883

Изложбата на фотографиите на браќата Манаки во меморијалот во Каен е досегашно најголемо претставување на нивните дела, кое ќе трае во следните шест месеци.

Организацијата на оваа изложба е остварена со посредство на Македонскиот центар за фотографија и во соработка со музејот во Каен, францускиот институт во Скопје, Државниот архив во Битола и други актери а со фондови базирани на нашата соработка со регионот Нормандија.

mkd 247985

Овој настан претставува уште еден доказ дека досегашната соработка помеѓу Нормандија и Македонија треба да продолжи и понатаму со желба за нејзино продлабочување. Во Каен, фотографиите на браќата Манаки, пред француските граѓани и странски посетители се посветени на колективната меморија од времето на големата војна и источниот фронт.

Музејот во Каен, Нормандија, претставува важен национален белег за французите и воедно еден од најважните и најпосетувани воени меморијали во Франција.

Конзуларни услуги