Северна Македонија во светот

На 11 март 2016 година публиката во Солун имаше можност да се запознае со современата македонска култура, преку поетската вечер посветена на академик Влада Урошевиќ и концертот на ,,Љубојна“ на ,,Балкан фест“, каде Република Македонија беше прогласена за почесна земја на фестивалот.

 

franc centar4

Творештвото на академик Урошевиќ беше претставено во Францускиот институт, во рамките на прославата на месецот на Франкофонијата, при што делови од стихозбирката ,,Еден друг град“ беа читани на македонски, француски и грчки јазик. Претходно, на неговиот богат опус се осврна проф. Владимир Мартиновски од Катедрата за општа и компаративна книжевност при УКИМ, додека модератор беше еден од најпознатите грчки автори и издавачи, Јанис Јанопулос.

Книжевната вечер ја отвори генералниот конзул Маја Апостолова Балабурски, која говорејќи за франкофонските дестинации, ја посочи исклучителната ,,Француска колекција“ во Музејот на современа уметност во Скопје и укажа на врската меѓу уметноста и францускиот јазик. Презентацијата на нашата култура продолжи на Фестивалот за балканска музика, со двочасовен концерт на ,,Љубојна“ и ,,Брас фантази“, што беше одлично прифатен од бројните посетители.

ljubojna 2016

 

Конзуларни услуги