Северна Македонија во светот

Во организација на амбасадата на Република Македонија во Казакстан, „Туркиш Ерлајнс“, асоцијацијата КАЗ-МАК и Универзитетот ТУРАН на 11 март 2016 година во свечената сала на Ректоратот наУуниверзитетот пред повеќе од 70 присутни претставници на туристички агенции од Алмати, медиуми, професори по туризам и студенти, се одржа презентација за туристичките потенцијали на РМ.

12795466 1049709428424169 5026345626418999910 n

На гостите им се обрати амбасадорот Псалтиров, кој најнапред додели сертификати-благодарници на останатите соработници, за досегашната соработка, посебно при организација на бизнис форумите во Алмати и Астана, но и на други проекти кои ги спроведе амбасадата во изминатиот период. По ова, амбасадорот имаше презентација за Македонија, која беше надополнета од г-ѓа Мирјана Султанбекова, потпретседателот на КАЗ-МАК, а воедно и сопственик на туристичка агенција во РМ.

12832372 1049709355090843 5893073982382289776 n

По нив своја презентација имаше и „Туркиш Ерлајнс“, според која Македонија е на нивната листа на топ 10 дестинации кои треба да се посетат. Реакциите на туристичките работници од Алмати беше повеќе од позитивна, посебно ако се има во предвид дека за патување во нашата држава, на казакстанските граѓани не им е потребна виза за престој до 90 дена.

Конзуларни услуги