Државен секретар
  Лични податоци  
Зоран Попов

 

   Образование и кариера
 

Професионален дипломат од 1998 година. Најголем дел од дипломатската кариера ја поминува во Директоратот за Европска Унија, постепено напредувајќи од помлад соработник до помошник раководител на сектор за политички односи со Европската Унија. Активно учествува во подготовката на клучните документи поврзани со процесот на евро-интеграција, како и визната либерализација со Европската Унија.

Во периодот од 2003 до 2007 година е упатен на мандат во Мисијата при Европската Унија во Брисел. Од септември 2016 до октомври 2019 година работи како виш политички советник во Советот за Регионална Соработка со седиште во Сараево, задолжен за активности поврзани со унапредување на политичката соработка меѓу земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, поддршка на Евро-атлантската интеграција на земјите од Западен Балкан и политичка поддршка на имплементацијата на Повеќегодишниот Акциски План за регионална економска интеграција.

Магистер е по меѓународни односи на Универзитетот Вестминстер во Лондон. Има посетувано повеќе обуки за евро-интеграција и процес на преговори, раководни државни службеници и за правда и внатрешни работи, а во периодот од октомври 2000 до март 2001 е практикант во Европската комисија во Брисел.

   Контакт
    Министерство за надворешни работи
  • Адреса: "Филип Втори Македонски" бр. 7, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
  • тел/факс: ++ 389 (0)2 3119-190
  • е-пошта: [email protected]

Конзуларни услуги