Северна Македонија во светот

Секоја година, на 20 март, франкофоните од целиот свет го прославуваат меѓународниот ден на Франкофонијата. Пораката која ја упати Генералниот секретар на Франкофонијата, Микаел Жан, во оваа прилика, а која Република Македонија ја поддржува е следната: Силната врска која ние франкофоните ја манифестираме оваа година има симболична димензија и посебно значење. Голем број на земји од франкофонскиот простор, како и други, веќе неколку месеци се погодени во нивното срце со кукавички сурови напади извршени во име на една идеологија на омраза. Да ја искористиме приликата на одбележување на денот на Франкофонијата и да му дадеме смисла на францускиот јазик како еден јазик на отпорот преку моќта на неговите зборови кои не соединуваат.

Во Република Македонија, како и во другите франкофонски земји, не само на 20 март туку и преку цела година се прославува франкофонијата и јазикот преку песни, танцови, дебати, филмови, гастрономија и други активности.

Република Македонија оваа година го прославува својот 10 годишен јубилеј како полноправна земја членка, иако франкофонската определба и поврзаност на земјата со МОФ датира од поодамна.

Франкофоните од пет континенти, кои се преку 274 милиони, ги споделуваат вредностите на франкофонијата изразувајќи ја вољата за заеднички соживот и солидарност истовремено почитувајќи ги разликите. Нивниот заеднички именител е францускиот јазик.

Конзуларни услуги