Северна Македонија во светот

На 3 април 2016 година, делегација преводена од претставници на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Амбасадата на Република Македонија во Варшава свечено ја отворија изложбата “Депортацијата на Евреите од Македонија во Треблинка – 1943“во музејот во Треблинка.

DSC 5253

Комеморативен настан беше со цел симболично присетување на денот кога во логорот на смртта - Треблинка пристигнала последната група од вкупно 7.144 Евреи од Македонија (3 април 1943), која истиот ден е погубена.

На свеченото отворање пригодни говори одржаа директорот на Музејот во Треблинка, Едвард Коповка, вршителот на работи во Амбасадата на Република Македонија во Варшава, Горица Атанасова – Ѓоревска, како и заменик претседателот на Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Мартина Антиќ.

На отворањето на изложбата присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, како и високи претставници од локалната самоуправа.

По свеченото отворање, делегацијата положи свежо цвеќе пред главниот споменик и пред каменот кој е поставен во чест на погубените Евреи од Македонија; пропратено со молитва испорачана од страна на рабинот од Катовице, Јошуа Елис.

DSCN7981

Настанот беше организиран во соработка помеѓу Меморијалниот центар на холокаустот во Македонија, Меморијалниот музеј во Треблинка и Амбасадата на РМ во Варшава. Изложбата ќе се прикажува во музејот во наредните 4 до 5 месеци.

Конзуларни услуги