Северна Македонија во светот

Новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Словачката Република со седиште во Виена, проф. д-р Василка Попоска Треневска на 05 април 2016 ги предаде акредитивните писма на претседателот на Словачката Република, Н.Е. Андреј Киска.

 

Akreditivi Slovacka 05.04.2016 2

На церемонијата што се одржа во вторник во претседателската палата во центарот на Братислава, проф. д-р Попоска Треневска ги предаде на претседателот на Словачка Република, Н.Е. Андреј Киска акредитивните писма од претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов со кои ја именува за нов вонреден и ополномоштен амбасадор д-р Попоска Треневска со седиште во Виена. На предавањето на акредитивните писма претходеше воена церемонија на националната гарда на Словачка при што на новиот амбасадор на Македонија му беше даден рапорт од командантот на гардата.

За време на средбата помеѓу амбасадорот проф. д-р Василка Попоска Треневска и претседателот на Словачка, Н.Е. Андреј Киска, беа пренесени поздравите од македонскиот претседател д-р Ѓорге Иванов, како и неговата покана словачкиот Претседател да ја посети Македонија во термин што взаемно ќе биде утврден.

Akreditivi Slovacka 05.04.2016 1

Амбасадорот проф. д-р Василка Попоска Треневска се заблагодари за поддршката што Словачка и ја дава на Македонија на билатерален план, но и како членка на Вишеградската група, во нејзините напори за членство во евро-атлантските интеграции.

Конзуларни услуги