Известувања

Дијаспора

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги повикува сите заинтересирани организации, здруженија и поединци, кои потекнуваат од  редовите на дијаспората, да поднесат проектни пријави кои опфаќаат идеи и иницијативи од нивни интерес.

 

Утврдениот рок за аплицирање трае до 15 март 2019 година, при што  предлог - проектите пристигнати по овој датум нема да се разгледуваат. Проектите во скенирана форма се доставуваат до Министерството за надворешни работи преку електронската пошта на Дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) на Република Македонија во странство и паралелно, на [email protected]. Доколку апликантот нема можност за скенирање на проектот, истиот се доставува  по пошта до надлежното ДКП.

 Информираме дека согласно внатрешниот Правилник на Министерството за надворешни работи за утврдување на постапката за доделување на проектни средства, наменети за потребите на дијаспората, од страна на Министерот за надворешни работи ќе биде формирана специјална Комисија за разгледување и евалуација на пристигнатите проекти. Истата ќе изготви решение за распределба на проектните средства. При одлуката за изборот на проекти и начинот на финансирање, Комисијата ќе се води од Приоритетите во однос на финансирање на проекти на дијаспората. Напоменуваме дека, најголемо внимание ќе биде обрнато на пријави за проекти кои се однесуваат на:

  • Постоењето на пишани и електронски медиуми на македонски јазик, како и на јазиците кои ги говорат деловите од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите од Република Македонија;
  • Промоција на македонскиот јазик, традиција и култура;
  • Отворање на културни катчиња во места со значителна концентрација на дијаспората на македонскиот народ.

Апликантите, чии проекти ќе бидат одобрени од Министерството за надворешни работи, за истото ќе бидат информирани преку електронска пошта од страна на Министерството за надворешни работи .

      Подносителите, чии предлог - проекти нема да бидат одобрени, имаат право на приговор до Министерството за надворешни работи во рок од 8 дена од добиеното известување. 

Форматот на проектната пријава, како и Приоритетите во однос на финансирање на проекти на дијаспората, се поставени и можат да се преземат од веб - страната на МНР: www.mfa.gov.mk

Проектна Пријава

Приоритети во однос на финансирање на проекти на дијаспората

Конзуларни услуги