Северна Македонија во светот

На 7 април 2016 година во Амбасадата на Република Македонија во Париз беше отворена изложба на дела од Mеѓународната ликовна колонија„ „Куманово” во присуство на директорката на музејот во Куманово, Анита Цветановска и претставникот од Министерството за култура, Ирина Кроткова.

DSC 0354

Во воведното обраќање на ВР Габриел Атанасов на отворањето на изложбата беше изразено задоволство што Амбасадата има привилегија и чест да ги изложи овие дела од уметници кои поставија високи стандарди и особена селективност во изборот на квалитетни групи на уметници кои зеле и ќе земат учество во годините што следат во рамки на ликовната колонија „Куманово”.

„Оваа колекција заслужува да биде прикажувана пред пошироката јавност и надвор од Македонија, бидејќи претставува еден сублимат на значајни ликовни искуства и поуки, од 1974 година до ден денес”, истакна Атанасов додавајќи дека афирмацијата на нашата култура и уметност е неопходна и важна подеднакво колку и нашата дипломатска активност во Париз, впрочем таа е интегрален дел од нашите севкупни заложби.

Оваа изложба е збир на најдобрите дела од оваа ликовна колонија, од моментот на нејзиното формирање 1974 до 2014 година кога таа одбележа еден значаен јубилеј – 40 години од своето постоење.

Беа изложени вкупно 18 дела од богатиот фонд, односно збирката на ликовни дела од колонијата во сопственост на НУ Музеј – Куманово, која ја надминува бројката од 800 слики и скулптури.

Во изложената продукција преовладуваше сликарство како форма на ликовно изразување. Содржи дела од веќе потврдени и афирмирани автори во ликовната јавност, како од Македонија така и од целиот свет.

Особено се издвојуваат делата на светски реномираните уметници кои зеле учество на колонијата, а кои беа изложени: Денис Бовен од Велика Британија и Паоло Чампини од Италија; како и потврдени автори од Р. Македонија, кои ги поставија темелите на македонското национално сликарство и го трасираа патот на идните генерации ликовни уметници од втората половина на 20 век па се до ден денес: Борко Лазески, Ана Темкова, Веле Ташевски, Кирил Геговски, Нове Франговски, Димитар Малиданов, Рубенс Корубин, Зоран Јакимовски и многу други.

Конзуларни услуги