Северна Македонија во светот

Постојаниот претставник на Република Македонија при ОБСЕ, ОН и останатите меѓународни организации со седиште во Виена, амбасадорот Кире Илиоски ја предводи македонската Делегација на специјалната сесија на Генералното собрание на ОН за проблемот со дрогата што во периодот од 19 до 21 април 2016 година се одржува во Њујорк.

kire

На специјалната сесија се дискутираат различните аспекти поврзани со дрогата, употребата на контролираните супстанци за медицински и научни цели, но и заканите и реалноста во превенирањето и справувањето со глобалниот проблем со дрогата.

Во неговото обраќање, амбасадорот Илиоски ја истакна проактивната улога на Р. Македонија во превенирањето и сузбивањето на сите форми на нелегална трговија на дроги. Укажа дека нашиот ангажман на овој план резултирал во бројни заплени и пресекување на прекугранични канали за недозволена трговија со дрога. Истовремено, тој упати на потребата од заеднички пристап и зајакнување на меѓународната соработка во справувањето со овој глобален феномен со цел овозможување на одржлив развој во секој регион од светот.

Конзуларни услуги