Северна Македонија во светот

На 3 мај 2016 година, амбасадорот на Република Македонија во Република Турција д-р Звонко Муцунски во претседателската палата во Баштепе во Анкара ги предаде акредитивните писма на Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

 

MCM 8761

По предавањето на акредитивните писма Претседателот Ердоган, го прими на средба амбасадорот Муцунски. Во текот на средбата со ПРТ Ердоган беа отворени повеќе билатерални теми и прашања, при што посебно беа реафирмирани извонредните пријателски и сестрани односи и интензивната комуникација на сите нивоа.

MCM 8827

Претседателот на РТ даде силна поддршка во поглед на остварувањето на евроатлантските амбиции на РМ и подготвеноста за понатамошното унапредување на целокупната соработка. Истовремено беа разменети мислења и ставови за поважни актуелни внатрешни и надворешно политички прашања.

Конзуларни услуги