Северна Македонија во светот

На 10 и 11 мај 2016 година во Бар, се одржа Вториот состанок на Заедничкиот комитет во рамки на Договорот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Црна Гора во контекст на процесот на пристапување во Европската Унија. 

 

image 109e0726da2c7731bbf7705bb6aa0f39fc6163337d08e46bc889501242d06fcd V

Состанокот го отворија Ана Блажевска, Државен секретар во Секретаријатот за европски прашања и Александар Андрија Пејовиќ, Државен секретар за европска интеграција и Главен преговарач на Црна Гора, додека со состанокот претседаваа Рамадан Назифи, Директор на Директоратот за Европска Унија во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, и Снежана Радовиќ, Генерален директор на Директоратот за европски работи при Министерството за надворешни работи и европска интеграција на Црна Гора.

Заедничкиот комитет е составен од претставници на Министерствата за надворешни работи и претставници од други министерства од двете земји и е форум за зајакнување на постојната соработка во полињата на заедничките интереси, а со цел да се забрза процесот на институционалните прилагодувања за олеснување на усвојувањето на законодавството и праксите на Европската Унија. Намерата е преку размена на искуствата од преговорите и ЕУ интеграцијата во различни области од европското законодавство да се помогне во заедничките подготовки за членство во ЕУ. Фокус на овој состанок беа теми од законодавството на ЕУ и тоа поглавјата 23 – Правосудство и фундаментални права и 24 – Правда и внатрешни работи, како и поглавјата 14 – Сообраќајна политика и 15 – Енергетика.

На состанокoт учествуваa државни службеници експерти од неколку министерства на Република Македонија и Црна Гора. Експертите од двете земји во првиот дел од состанокот дискутираа за најважните активности и постигнатите резултати во насока на усогласување со правото на ЕУ и јакнењето на административните капацитети за изминатиот период во областите на Поглавјата 23 и 24. Во вториот дел од состанокот беа разменети искуства и пракси во областите на Поглавјата 14 и 15, а беше даден и посебен осврт кон статусот на реализација на меките мерки, во контекст на претстојниот Париски самит од Берлинскиот процес во месец јули оваа година.

Конзуларни услуги