Северна Македонија во светот

Република Македонија преку Генералниот конзулат во Солун учествуваше на 13-от Меѓународeн саем на книгата, што се одржа од 12 до 15 мај 2016 година во Солун, во чии рамки беше промовирано современото книжевно творештво и културно наследство на нашата држава, преку избрана продукција на белетристички, монографски, научни и репрезентативни изданија. Беа презентирани преводи од македонски на англиски јазик, реализирани преку конкурсот на Министерството за култура, како и публикации на Македонската академија на науките и уметностите, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ и издавачката куќа „Магор“. 

Eneken

Паралелните настани на 13 мај вклучуваа поетско читање на академик Урошевиќ, по повод објавен превод на дел од неговата поезија и проза на грчки јазик и дебата со наслов ,,Св.Климент Охридски:1100 години сеќавање“, на која македонски и грчки професори говореа за ликот и делото на големиот просветител.

Организатор на претставувањето на македонската литература беше Генералниот Конзулат, на покана на грчката Фондација за култура. 

 

Конзуларни услуги