Северна Македонија во светот

По повод 10 годишнината од обновата на независноста на Црна Гора, на 21 мај 2016 година, заменик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска учествуваше на свечена прослава во Подгорица, каде покрај домаќинот, Претседателот на Владата на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, пред присутните гости на Плоштадот на независноста се обрати и претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск.

 

Натанот беше во организација на Премиерот Ѓукановиќ  и Министерството за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора.

Во рамки на престојот во Подгорица, заменик министерот Кипријановска оствари неформални средби со црногорскиот државен врв и високи претставници од државите од Европската Унија и САД, кои присуствуваа на прославата.

Конзуларни услуги