Северна Македонија во светот

На 23 мај 2016 година во организација на студентите македонисти од Институтот за словенска филологија на Јагелонскиот Универзитет и со почесно покровителство на Амбасадата на Република Македонија во Варшава, во Краков се отвори културната манифестација: „Македонски котел, откриј ги вкусовите на културата“. Настанот е резултат на превземените активности на Амбасадата во изминатиот период за културна презентација на Република Македонија во различните региони во Полска и претставува продолжување на започнатата активност од областа на културната дипломатија на Амбасадата со наслов „Денови на македонска култура“. 

image c603e5bd40262fb95f1368d9b9df347e0a89a830674dffa8a9003b5ace1de0f3 V

Настанот го отвори ВР во Амбасадата Горица Атанасова-Ѓоревска, а поздравно обраќање имаше и д-р Магдалена Дурас, директор на Институтот за Славистика при Јагелонскиот Универзитет.

ВР Атанасова-Ѓоревска нагласи дека особено е значајно тоа што македонската култура се претставува во градот Краков, културна престолнина на Полска и место во коешто се наоѓа најстарата катедра за изучување македонски јазик надвор од РМ, и која опстојува повеќе од 50 години. Настанот беше најавен како специфичен и поради тоа што се случува во очи на празникот кога ги чествуваме словенските просветители Св. Кирил и Методиј и нивното епохално и цивилизациско дело.

Во рамки на посетата на Краков, остварена е посета на Институтот за словенска филологија при Јагелонскиот Универзитет со цел лично да се врачат најголемиот дел од изданијата за македонска литература кои беа обезбедени од Амбасадата преку Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје и Институтот за Македонска литература и со посредништво на Министерството за образование и наука на РМ.

Конзуларни услуги