Северна Македонија во светот

Заменик   министерот   за   надворешни   работи   на   Република Македонија,   Драгана   Кипријановска,   учествуваше   на Конференција на   ОБСЕ   за   борба   против   тероризмот   „Спречување   и   борба   противнасилниот   екстремизам   и   радикализација   кои   водат   до   тероризам“, која се одржа во периодот од 31 мај до 1 јуни 2016 година во Берлин, Германија.

IMG 4511 1

ЗМНР Кипријановска како еден од главните говорници во рамки на третата сесија на Конференцијата имаше настап на тема „Улога на промовирањето на доброто владеење и човековите   права   во превенцијата и борбата против насилниот екстремизам и радикализам кои водат до тероризам“. Во својот настап ЗМНР се осврна на односот помеѓу недостатокот на почитување на   човековите права и   зголемувањето на насилниот екстремизам и радикализам.

Во тој контекст беше истакната потребата државите да користат широк спектар на законодавни, административни и политички мерки, како и стратегии и политики кои треба да се цврсто втемелени и во согласност со меѓународното право кое го опфаќа делот за човекови права. При тоа, таа го истакна   и значењето на разновидноста на нашите општества, взаемноста на спроведувањето на законите и човекови права и борбата противтероризмот, како и потребата ограничувањата на човековите права во борбата против тероризмот да бидат јасно утврдени со закон, оправдани, пропорционални и недискриминаторски.

ЗМНР Кипријановска учествуваше и на придружните манифестации кои се одржаа за време на Конференцијата.

Конзуларни услуги