Северна Македонија во светот

Делегација од Министерството за надворешни работи на Република Македонија од 22 до 29 мај 2016 година реализираше посета на Република Турција, во чии рамки се одржаа бројни обуки од различни теми и се реализираа посети на неколку државни институции во Анкара и Истанбул.

 

IMG 6365

За време на посетата, членовите на делегацијата имаа можност да се запознаат со модалитетите на турската економија и начинот на работење на државните институции, при што ги посетија Министерството за економија, Министерството за транспорт, поморство и комуникации, ТИКА (Турската агенција за меѓународна соработка и координација), Агенцијата за поддршка и промоција на инвестициите при Кабинетот на Премиерот на Р. Турција, како и Асоцијацијата на турските градежници. За време на посетата на државните институции, на македонската делегација и беше презентиран начинот на работење на институциите, со посебен акцент врз активностите кои се дел од инвестиционата политика на Република Турција.

Посетата се реализираше во рамки на воспоставената соработка помеѓу Дипломатските академии на Министерствата за надворешни работи на Р. Македонија и Р. Турција.

Конзуларни услуги