Северна Македонија во светот

Република Македонија, преку впечатливите настапи на камерен оркестар и фолклорна група од Битола, ги претстави македонската музика и македонскиот јазик на настаните што ги организираа општините Солун и Кожани на почетокот на јуни.

 

ko9zani 32c 16

На еден од настаните се обрати и генералниот конзул на Република Македонија во Солун, Маја Апостолова Балабурски која истакна дека Канцеларијата ги поддржува целите на фестивалот и сите активности во насока на негување и промоција на јазичната разноликост и богата музичка и фолклорна традиција во регионот.

Освен нашата држава, во Кожани учествуваа и културни здруженија од Грција, Бугарија и Турција, кои ја затворија вечерта, играјќи сплотени во звуците на македонската традиционална песна.

Конзуларни услуги