Северна Македонија во светот

Во рамки на економската дипломатија и активностите за промоција на економската соработка помеѓу Македонија и Франција, на 7 јуни 2016 година во Enghien –Les-Bains ВР Габриел Атанасов оствари работна средба со Филип Суер претседател на CEEVO - Комитет за експанзија на економската соработка на Val-d’Oise кој воедно е и вице-претседател на советот на департманот Val-d’Oise и градоначалник на Enghien–Les-Bains.

MACEDOINE

На средбата беше разговорано за можностите за трговска размена и разни видови соработка со Република Македонија. Во повеќе наврати, на членовите на овој Комитет им беа презентирани условите за водење бизнис кај нас како едни од најпримамливите. CEEVO нотираше и на својата веб страна дека Македонија како земја со континуиран економски раст нуди реални можности за развивање на трговски врски и инвестиции.

Во рамки на средбата се разговараше и за можностите за организирање скорешна посета на Република Македонија на делегација од Val-d’Oise предводена од Филип Суер која би ги согледала и можностите за инвестирање на терен.

Конзуларни услуги