Северна Македонија во светот

Првиот македонски резидентен амбасадор во Бразил и во Латинска Америка, Ивица Боцевски, ги предаде акредитивните писма на Мишел Темел, вршител на должноста претседател на ФР Бразил.

 

23062016 ETO5732 Editar

За време на церемонијата, претседателот Темер истакна дека Бразил посебно го вреднува фактот што Македонија својата прва амбасада во Латинска Америка ја отвора во Бразилија, што ги става билатерални односи на највисоко историско ниво. Амбасадорот Боцевски истакна дека Македонија гледа голем потенцијал во соработката со Бразил и потенцираше дека основна мисија на новата амбасада ќе биде унапредувањето на економската соработка. Тој подвлече дека бразилските инвестиции се добредојдени во државата, а со влезот во Македонија бразилските компании добиваат не само пристап кон заедничкиот европски пазар, туку и кон поширокиот регионален пазар.

23062016 ETO5715 Editar

Свечената церемонија се одржа во официјалното седиште на кабинетот на бразилскиот претседател, палатата „Планалто“ (Palácio do Planalto) во Бразилија. Покрај претседателот МишелТемер, на церемонијата присуствуваа и министерот за надворешни работи Жозе Сера, генералниот секретар на „Итамарату“ Маркос Галвао и советникот за надворешна политика на претседателот Фред Аруда,кои се клучни фигури во надворешната политика во Бразил.

23062016 ETO5705 Editar

По завршувањето на приемот кај претседателот Темер, амбасадорот Боцевски беше испратен со највисоки почести и со свечен поздрав од посебната гардиска единица на бразилскиот претседател (бразилските драгони).

23062016 MAC3121 Editar

Конзуларни услуги