Северна Македонија во светот

На 5 јули 2016 година, во седиштето на УНЕСКО во Париз, со размена на писма, В.Д. Габриел Атанасов и Генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова го потпишаа договорот меѓу Република Македонија и УНЕСКО, со кој Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија стана Центар од категорија 2 под покровителство на УНЕСКО. На настанот присуствуваше и директорот на Институтот професор Михаил Гаревски.

IMG 2344

Според Бокова, со овој договор ќе се овозможи зголемување на капацитетите на Институтот во справување на последиците од природните катастрофи, во духот на Рамката за намалување на ризиците од природни непогоди од Сендаи. Таа истакна дека е добро запознаена со работата на Институтот и неговите почетоци, при што ова е уште еден чекор кон севкупната одлична соработка на РМ со УНЕСКО.

Атанасов се заблагодари за досегашната соработка со УНЕСКО, со уверување дека поддршката од страна на УНЕСКО за ИЗИИС ќе придонесе кон уште поголемо меѓународно признавање на Институтот, не само во регионален, туку и во меѓународен контекст.

Директорот на ИЗИИС, Гаревски изрази надеж дека овој договор ќе отвори нови полиња на соработка помеѓу ИЗИИС и УНЕСКО, особено во делот на учество на експерти на ИЗИИС во мисии за оценка на штета после големи природни непогоди, како и во организирање на обуки и пренос на знаења на меѓународно ниво, за што ИЗИИС има веќе долгогодишно искуство.

 

Конзуларни услуги