Северна Македонија во светот

На 12 септември 2016 година Амбасадата на Република Македонија во Загреб организираше прием по повод Денот на независноста на Република Македонија - 8-ми септември. На настанот се обрати амбасадорката Даниела Караѓозоска, која се осврна на односите меѓу Македонија и Хрватска, како и актуелните внатрешни состојби на Република Македонија во изминатите 25 години.

 

zagreb8mispetemvri

На настанот се проектираа снимки од најпознати туристички и културни локации во Македонија, додека гостите имаа прилика да уживаат во вкусовите на македонското вино и ракија. Дополнително, македонскиот женски хор „Моми бисерни“ од Загреб изведуваше познати македонски народни песни.

На приемот присуствуваа над 350 гости, меѓу кои и Претседателот на Хрватското Собрание, Жељко Рајнер, Министерот за земјоделство, Давор Ромиќ, градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, претставници на повеќе хрватски општини,како и амбасадори акредитирани во Хрватска, се одржа во загрепскиот хотел „Еспланаде“ .

Конзуларни услуги