Северна Македонија во светот

На 7 септември 2016 година во Софија се одржа свечена прослава по повод Денот на независноста на Република Македонија - 8-ми септември. 

На настанот се обрати амбасадорот Марјан Ѓорчев кој се осврна на досегашните постигнувања на нашата држава, посебно во европските и евроатлантски интегративни процеси, нејзините предности како мултикултурно општество, со посебен акцент врз билатералната соработка со Бугарија и позитивните основи за нејзино унапредување во иднина.

bugarija8mispetemvri

На приемот присуствуваа околу 150 гости, претставници од бугарски државни институции и политички партии, општините, странските дипломатски мисии и меѓународни организации, деловни партнери, претставници на културата итн, кои имаа можност да уживаат во македонско вино и наши домашни прехранбени производи. На настанот беа презентирани и бројни брошури за промоција на туризмот, историјата, културата и храната на Република Македонија.

bugarija8miseptemvri2

Конзуларни услуги