Северна Македонија во светот

Во организација на Амбасадата на Република Македонија во Брисел, во соработка со Мисијата на Република Македонија при ЕУ и Мисијата на Република Македонија при НАТО, на 8 септември 2016 година се одржа прием по повод 25-годишнината од независноста на Република Македонија.

 

brisel8miseptemvri

Официјално, приемот беше отворен од амбасадорот Еленовски кој во своето кратко обраќање ги поздрави гостите и ги истакна одличните билатерални односи на повеќе полиња, со посебен акцент на економските односи. Подетално се осврна на настаните кои минатата година се случија во Европа: мигрантската криза, терористичките напади, а се осврна и на катастрофалните поплави кои однесоа човечки жртви и голема материјална штета во Македонија. Свои обраќања имаа амбасадорот Лепавцов и амбасадорот Дабиќ.

На приемот присуствуваа околу 300 гости од дипломатскиот кор на Белгија, ЕУ и НАТО, политичката и бизнис заедница на Белгија, дијаспората и пријатели на трите мисии во Брисел. На приемот присуствуваше и сопственикот на компанијата Van Hool, Филип Ван Хол.

Конзуларни услуги