Северна Македонија во светот
На 7 септември 2016 година по повод одбележување на 25 годишнината од прогласувањето на македонската независност, Амбасадата на Република Македонија во Сараево организраше свечен прием за претставниците на институциите и организациите во Босна и Херцеговина, дипломатскиот кор во Сараево и членовите на македонската заедница во Босна и Херцеговина.
saraevo1
На свечениот прием се обрати Вршителот на работите во Амбасадата, Александар Крстевски кој ги истакна придобивките, но и препреките пред кои Република Македонија е исправена од самото прогласување на својата независност, нагласувајќи дека членството во ЕУ и НАТО остануваат примарна цел. Во таа насока се и целите на нашиот искрен пријател Босна и Херцеговина, за што постои несебична взаемна поддршка кон остварување на заедничката цел полноправно членство во европските и евро - атлантските структури. 
Како моменти кои несомнено допринесоа за градење дополнителни врски и релации со Босна и Херцеговина, беа споменати и трагичната авионска несреќа во која животот го загуби претседателот на РМ, Борис Трајковски, членови на делегацијата и екипажот на владиниот авион, како и  хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 претставници од Армијата на РМ кои учествуваа во Мисијата на ЕУФОР во БиХ, настани кои достоинствено се одбележуваат секоја година од страна на високи претсавници на двете држави. 
 

Конзуларни услуги